ЕМИЛИ РАТАЈКОВСКИ гостувала во подкастот Going Mental каде зборувала за нејзиниот развод со филмскиот продуцент Себастијан Бер-МекКлард. Манекенката нагласила дека засега не открива приватни детали заради благосостојбата на нивниот заеднички син, двегодишниот Силвестер.
„Сè уште не бевме официјално разведени, па не беше ни законски да зборуваме за деталите. Веројатно ќе пишувам повеќе за тоа во иднина. Интересна ми беше реакцијата на луѓето кои беа шокирани бидејќи ‘некоја толку убава се изневерува’. Сакав да им кажам: ‘Жени, мажите се ѓубре. Дури и ако сте совршени’“, рекла таа.
View this post on Instagram
„Откако се роди бебето имав 45 килограми“
Таа, исто така, признала дека работите внатре во четирите ѕида „биле многу полоши отколку што изгледале“ и дека „била многу несреќна“ во бракот. „Долго немав храброст да заминам. По раѓањето на бебето имав 45 килограми и бев премногу слаба бидејќи не бев добро. Пробав се. Бев сигурна дека нешто не е во ред со мене. Таа опишала и нагласила дека „секогаш треба да им веруваш на своите инстинкти“.
Сепак, таа рекла дека разводот имал позитивна страна бидејќи е „конечно среќна“ и дека „не очекувала колку ќе го сака новото поглавје во животот“. „Не знаев дека ќе биде толку убаво да се вратам на себе. Ќе бидете шокирани кога ќе дознаете колку е полесен животот сега”, изјавила манекенката.
View this post on Instagram
Потсетуваме дека манекенката која во 2022 година се најде на 9-то место на листата на најубави жени во светот, минатата година се раздели од Себастијан Бер МекКлард со кој беше во брак четири години. Емили почна да излегува со комичарот Пит Дејвидсон, но неодамна се појавија гласини дека парот раскинал.
Фото: Принтскрин/Instagram