Дознајте што открива вашата омилена боја за ВАШИОТ КАРАКТЕР: Виолетовата боја се поврзува со ЕМОЦИОНАЛНОСТ, жолтата со СТРАВ, а црвената…

Откријте нешто за себе и за другите луѓе на интересен начин.
Ако обично избирате една боја на облека, чевли и други работи, тоа може да сугерира на вашите силни особини на личноста за кои можеби не сте свесни.

1. Црвена
Многумина ја поврзуваат оваа боја со доминација, агресија, возбуда или опасност. Некои студии дошле до заклучок дека спортистите кои ја носат оваа боја имаат 5% повеќе шанси за победа, но и дека келнерките кои носат црвено добиваат повисоки бакшиши! Се верува дека оваа боја го привлекува посилниот пол, бидејќи е поврзана со страст и љубов. Црвената боја е толку моќна што може да предизвика срцето да чука побрзо и да произведува тестостерон.


2. Виолетова
Оваа боја порано се поврзуваше со благородништвото. Оваа боја ја поттикнува креативноста, се смета дека има смирувачки ефект и луѓето кои ја претпочитаат оваа боја се емотивни и почувствителни.

3. Бело
Ако вашата омилена боја е белата, тоа може да сугерира дека имате тенденција да забележувате детали и дека организацијата и логиката се вашите силни страни. Белата боја е синоним за чистота и едноставност. Друго вообичаено верување е дека луѓето кои ја сакаат оваа боја се независни и креативни.


4. Црно
Се верува дека љубителите на црната боја се стремат кон контрола и поголема независност. Се верува дека луѓето кои сакаат да избираат црна боја се реални и практични. Црната боја е синоним за елеганција, софистицираност, формалност. Покрај тоа, оваа боја сугерира и мистерија.

5. Жолта
Едноставно кажано, ако гравитирате кон жолти тонови, вие сте авантурист. Не ги прифаќате наметнатите рамки и копнеете по слобода, оптимизам, страст. Спонтаноста е вашата силна страна, како и креативноста. Но, за љубителите на жолтата боја се врзува и импулсивноста.


6. Зелена
Луѓето кои избираат зелени нијанси дефинитивно сакаат да бидат во природа и се стремат кон поголем успех во животот. Интересно е што некои студии покажуваат дека љубителите на оваа боја повеќе се стремат кон сигурност. Оваа боја е поврзана со изобилство, смиреност, здравје, раст, учење.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …