(ФОТО) Кристина Хендрикс има одлични вести, честитки стигнуваат од сите страни 

Кристина Хендрикс ја објави свршувачката со снимателот Џорџ Бјанкини.
Актерката (47) вчера на својот Инстаграм профил откри дека таа и нејзиниот партнер се запросиле еден со друг: „Се запросивме и рековме да!!! Засекогаш ќе го сакам и ќе се грижам за него“, напишала таа.
Многумина беа воодушевени од оваа вест, а меѓу првите кои и честитаа беа Кристи Тарлингтон, Јануари Џонс, Алисон Бри и други…
Кристина и Џорџ се забавуваа две години, а наводно се запознале на снимањето на серијата „Добри девојки“.
Да потсетиме дека ѕвездата од серијата „Луѓе од Менхетен“ беше во брак со Џефри Арен од 2009 до 2019 година.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес почнува Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“

Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“ е натпревар за најдобра детска песна. Сите учесници настапуваат со …