(ФОТО) Една од најубавите холивудски глумици го чека своето второ дете

Скарлет Јохансон е бремена.
Славната актерка го очекува своето второ дете, прво со сопругот Колин Јоста. Извор за Page Six тврди дека 36-годишната актерка наскоро ќе се породи.
Тие додаваат дека актерката е помалку изложена во бременоста, поради што ретко се гледа на промотивните настани за Black Widow, кој деновиве почнува да се прикажуваат и во домашните кина.


View this post on Instagram

A post shared by Scarlett Johansson (@scarlettjohanssonworld)


За време на гостувањето кај Џими Фалон преку видео повик, таа била снимена само над рамениците.


Скарлет Јохансон веќе ја има шестгодишна ќерка Роуз, која ја доби со поранешниот сопруг Ромен Дауриак.

За 39-годишниот Колин Јоста, една од sвездите на шоуто Saturday Night Live, Јохансон се омажи во октомври минатата година по тригодишна врска.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …