(ФОТО) Една од најубавите актерки го покажа своето извајано тело во бикини, нејзиниот сопруг не ги тргнувал рацете од неа

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк моментално уживаат на одмор во Италија, а од фотографиите направени од папараците се гледа дека актерката и пејачот се вљубени како и првиот ден.
Двојката уживала во пловењето низ Сардинија на јахта, а Џесика го покажала своето совршено тело во бикини со леопард принт.


Иако се во брак 10. години, парот изгледа вљубен како и првиот ден.

Пејачот не ги тргал рацете од сопругата, и не грижејќи се за фотографите си разменувал допири и бакнежи.

Да потсетиме, Џастин пред три години беше снимен како пие во бар со својата колешка Алиша Вејнрајт, која ја држеше за рака. Американските таблоиди потоа пишуваа за неговата наводна измама, а тој на крајот се правдаше на Инстаграм.
„Пред неколку недели направив лоша проценка, но сакам да бидам јасен – ништо не се случи меѓу мене и колешката. Имав премногу испиено таа вечер, извини за начинот на кој се однесував, требаше да бидам попаметен. Тоа не е примерот што сакам да им го покажам на моите синови. Се извинувам на мојата неверојатна сопруга и семејството што ги ставив во таква непријатна ситуација, фокусиран сум на тоа да бидам најдобриот сопруг и татко што можам да бидам. Ова не беше тоа“, напишал тогаш пејачот.
Џастин и Џесика се запознале во 2007. година на неговата роденденска забава и само неколку месеци подоцна јавно ја признале нивната врска. Четири години подоцна раскинаа, но останаа пријатели. Набрзо сфатиле дека не можат еден без друг, па се помириле. Тие се венчаа во 2012. година, а три години подоцна станаа родители.
Џесика и Џастин имаат два сина, Сајлс и Фајнс.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …