Август е време за одмори па така додека Обвинителството кое го води случајот „рекет“ е на одмор, во соседна Грција на плажа е снимена и Катица Јанева…
Специјалната обвинителка, Катица Јанева, е фотографирана во костум за капење на плажа во Грциja. Фотографијата до редакцијата на Скопје1 ја ипратил читател. Засега не е познато кога е направена фотографијата, како и кој ја фотографирал.
Според тврдењата фотографијата е направена вчера попладне, во Грција, на една плажа на првиот крак, поточно во познатото излетничко место Ханиоти.
Освен од специјалната обвинителка, македонските портали објавија и фотографија и од нејзиниот син Лазар кој наводно е фотографиран на истата грчка плажа каде што е забележана и Јанева.