Црното чоколадо делува слично како канабисот и го намалува ризикот од оваа опасна болест

Се повеќе луѓе имаат проблеми со депресијата па е потребно да се свртиме кон алтернативните антидепресиви. Следниот пат кога ќе почувствувате дека сте лошо расположени или депресивни ви советуваме наместо некои лекови да земете црно чоколадо.

Луѓето кои редовно јадат црно чоколадо се помалку депресивни од оние кои не го прават тоа. Научници испитале повеќе од 13.000 луѓе за нивната употреба на чоколадото. Забележале дека испитаниците кои јаделе црно чоколадо имале помалку проблеми со депресијата. Таков резултат меѓутоа немале и оние кои јаделе млечно или бело чоколадо. Сепак, не успеале да докажат дека чоколадото се бори против депресијата, па е потребно во оваа област да се направат уште некои испитувања.
Чоколадото содржи доста психоактивни состојки, вклучувајќи два вида арандамин кои произведуваат чувство на еуфорија слична на онаа која ја произведува канабисот. Црното чоколадо содржи повеќе антиоксиданси кои ги намалуваат воспалителните процеси во телото, за кои научниците веруваат дека предизвикуваат депресија.

Тим истражувачи открил дека тоа може да биде причина зошто луѓето кои се депресивни јадат помалку чоколадо бидејќи нивното нерасположение ги прави незаинтересирани за слатки. Истражувањето кое е спроведено во Канада покажало дека ризикот од депресија го зголемува и пушењето.
Испитаниците кои јаделе црно чоколадо подолго од два дена имале 70 отсто помали шанси да добијат симптоми на депресија,пишува Daily mail. Оние кои јаделе било какво чоколадо имале 58 отсто помалку изразени симптоми на депресија од оние кои воопшто не јаделе чоколадо.

Покрај веќе споменатите состојки, чоколадото содржи фенилетиламин, неуромодулатор за кој се верува дека е важен за регулирање на расположението. Депресијата погодува 300. милиони луѓе ширум светот и е една од главните причини за нестабилност.
Она што е недостаток на ова истражување и што допрва треба да се докаже е дали црното чоколадо не заштитува од депресија или го намалува ефектот од депресија кај конзументите. Затоа треба да се извршат дополнителни испитувања за да се утврди вистинскиот начин на делување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …