(ФОТО) ДОБРА ИДЕЈА -Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, открила што планира со ОСТАНАТОТО издоено млеко!

Секоја мајка што дои знае дека млекото може да се замрзне за да може да има оброк за своето бебе кога е далеку. Сепак, замрзнатото мајчино млеко има рок на траење, а Јелена Ѓоковиќ, сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, не успеала да ги потроши сите резерви, но не сакала да ги фрли.


Откако размислила, таа излегла со идеја од него да произведува сапун и козметика.

„Се вратив дома по неколку месеци патување и ги најдов овие замрзнати ќеси со млеко. Ноќи и денови на издојување и не можам да верувам дека не ги потрошивме сите. Сега сите велат дека им завршил рокот на траење и треба да ги фрлам, но едноставно не можев“, напишала Јелена, мајка на едногодишното девојче Тара и тригодишниот Стефан, на Инстаграм.

Затоа, таа одлучила да ја копира идејата што многу мајки ја испробале и го користат своето млеко за производство на козметика. За многумина, идејата на почетокот можеби е чудна, но со сапуни од мајчино млеко, некои мајки успеаа да излечат егзема и други проблеми со кожата.
„Изгледа како нормален сапун, но е малку помек. Слично е кога купувате сапуни од разни масла“,и опишала Џој Еванс, која со таков сапун му помогнала на синот кој се борел со проблеми со кожата уште од шест месеци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …