НЕШТО ПОЗНАТО – ПОСЛЕ 36 ГОДИНИ ИЗЛЕГУВА ОД ЗАТВОР: Од пекара украл 50. долари а потоа добил доживотна робија сега ќе има шанса за нов почеток

Афроамериканецот од Алабама кој украл 50,75 долари од пекара, кога имал 20.ттина година, и поради тоа бил осуден на доживотна робија, ќе биде пуштен на слобода по повеќе од три децении во затвор.
Алвин Кенард имал 22. години кога во 1983. бил осуден за грабеж од прв степен, јавува WBRC. Сега има 58. години и ќе биде ослободен од затворот во градот Бесемер.
Кенард бил осуден на основа на стариот закон кој бил тогаш на сила во Алабама, откако претходно бил осуден за грабеж во 1979. година.
Пресудата од 1983. година изворно значела доживотен затвор без можност за помилување.
Семејството на Кенард и пријателите емотивно го доживеале ослободувањето од судијата Дејвид Карпентер.

Кенард, кој во текот на животот работел како столар и градежен работник, непосредно пред пресудата рекол дека сака да продолжи да се занимава со столарија и така да заработува за живот.
Адвокатката на Кенард, Карла Кровдер, изјавила дека „нејзиниот клиент е воодушевен од можноста која му се пружа бидејќи бил уверен дека до крајот на животот ќе остане во затвор”, како и тоа дека стотици други луѓе биле неправедно осудени на драконски казни затоа што не можеле да си дозволат добар адвокат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тајната вила на Тито била најскапата претседателска резиденција, но од таа раскош не останало многу…

Некогаш била најскапа претседателска резиденција а денес пропаѓа. Од раскошно уредената тајна вила останале урнатини …