(ФОТО) Диоптра прослави 25 години постоење

На 25-годишниот јубилејна „Диоптра“ промовирана првата лична колекција “Dioptra Eyewear”
Во пристуство на голем број познати личности од јавниот живот, соработници и пријатели на „Диоптра“, медиуми, дизајнери, уметници игости од странство, на 14 септември во Куршумли Ан се одржа свечена прослава по повод 25-годишниот јубилеј од постоењето на брендот кој асоцира раскош, елеганција и монденски стил – DioptraOptics.


На настанот со модна ревија беше промовирана инајноватаколекција наречена “Dioptra Eyewear”нависоко-квалитетнидиоптриски очила, која е потпишана од сопственичката на „Диоптра“ – Марија Костуранова.
Колекцијата “Dioptra Eyewear” е всушност прва лична колекција на Марија Костуранова и истата брои преку 600 различни модели на очила, сите комплетно произведени во Италија. Се работи за колекција која нудисовремен дизајнимаксимален квалитет поприфатлива цена, а изработена е со огромна посветеност која е инспирирана токму од 25-годишната приказна на „Диоптра“.


„Особено задоволство ми претставува што мојата пасија кон науката и модните аксесоари со изразена естетика и квалитет, се развија во приказна која постои веќе 25 години, а мојата прва лична колекција би рекла дека е еден уникатен белег токму на јубилеј што го славиме денес. Всушност прославуваме не само постоење, туку 25 години посветена работа, експертиза, наука, разновидност, квалитет, ексклузивност, елеганција…Имаме долга историја и традиција и добро ги познаваме барањата на нашите потрошувачи, паколекцијата‘Dioptra Eyewear’е едноставно одговор на сè поголемите барањата за совршен дизајн по пристапна цена”, изјави Марија Костуранова, сопственик на „Диоптра“ и дизајнерка на колекцијата “Dioptra Eyewear”.


Инаку, првиот салон на „Диоптра“е отворен во 1993 година во Струмица, кој во тоа време претставуваше револуција во модниот свет. Денес „Диоптра“брои вкупно5 ексклузивни и модерно опремени салони со високо-професионален тим кој верува во значењето на советите,како иво желбите и потребите на своите потрошувачи. Оптиката е ексклузивен дистрибутер на брендовите Etnia Barcelona, Lio Factory, Pier Martino, Snob Milano, Vanni, Lindberg, Moscot, Chloé, Calvin Klein, Etro, Kymeи многу други, а во салоните на „Диоптра“ може да се најдат и голем број други познати брендови како Gucci, Tom Ford, Cartier, Oliver Peoples, Persol, Dita, Thom Browne, Boucheron,BottegaVeneta, Celine, Fendi, Jimmy Choo, Alexander McQUEEN, Brioniи други.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …