(ФОТО) Џереми Ренер се огласи од болница: Уморен и со модринки!

Актерот Џереми Ренер им се заблагодари на сите за нивните „љубезни зборови“ во својата прва објава на социјалните мрежи по неговата новогодишна несреќа со возило за чистење снег.
Ренер на својот Инстаграм објави селфи на кое јасно се гледаат модринки на неговото лице.
„Ви благодарам на сите за убавите зборови. Презафатен сум за да пишувам во моментов. Но на сите ви испраќам љубов”, напишал тој.
Актерот, кој беше во критична состојба по несреќата, сега бил подложен на две операции во кои хирурзите му ставија метални игли околу ногата. Сега е буден и зборува, изјавил извор за DailyMail.

Ренер му помагал на член на семејството со лично возило кое било заглавено во снегот во неделата, објасни шерифот на округот Васо, Дарин Балам на прес-конференција во вторникот попладне.
Тој користел плуг за снег за успешно да му помогне на член на семејството пред да излезе надвор да разговара со нив.
Во текот на разговорот „забележано е дека маѓината почнала да се тркала“, рекол Балам.
Во тој момент, Ренер се обидел да се врати во машината и во тој момент бил прегазен.
Двократниот номиниран за Оскар „претрпел тапа траума во градниот кош и ортопедски повреди“.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …