(ФОТО) ДЕВОЈЧЕ (10) ПОБЕДИЛО ЛЕУКЕМИЈА А ПОТОА НЕНАДЕЈНО ПОЧИНАЛО: Мајката ја обвинува загадената вода во болницата, случајот стасал и до парламентот!

Мили Мејн, девојче (10) од Велика Британија, ја победила леукемијата, но набргу потоа починала во болницата во Глазгов. Мајката на Кимберли, Дерок тврди дека нејзината ќерка починала од „неисправна вода“ во болницата, и дека здравствените работници ја лажат.
За време на закрепнувањето од сериозна болест, девојчето добило заразна инфекција и починала, а Кимберли е убедена дека виновникот е загадената вода.
Здравствениот одбор на Глазгов инсистира на тоа дека причината за инфекцијата е невозможно да се открие.
Случајот на несреќното девојче стигнало и до шкотскиот парламент, откако многумина побарале оставка од министерот за здравство Џини Фримен.

Кимберли рече дека таа лично од Фримен ги барала одговорите за смртта на нејзината ќерка, но дека добила само „општо уверување“ дека ќе се спроведе истрага.
Кимберли со солзи рекла дека во 2017. година, кога нејзината ќерка починала, во истата болница имало 26. смртни случаи поврзани со вода, но дека извештаите во кои е спомната болницата никогаш не се појавиле во јавност.
Мили имала успешна трансплантација на матични клетки пред две години и се опоравувала, но одеднаш паднала во токсичен шок и починала неколку дена подоцна.
Официјалниот извештај од патологот вели дека нејзиниот катетер преку кој ги примал лековите бил инфициран, но Кимберли тврди дека вистинската причина била прикриена поради проблемот со водата во болницата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …