(ФОТО) Детали од биографијата на Меган Маркле:Суровоста не и била туѓа – ја почувствувал бившиот сопруг!

Мортон открил и’ дека Меган се ослободила од сите блиски луѓе во својот живот кои не одговараат со нејзиниот моментален социјален и професионален статус…
Кога Меган Маркл одлучила да стави точка на бракот со продуцентот Тревор Енгелсон во 2013. година, реагирала брзо, практично и можеби помалку сурово, пишуваат светските медиуми.
Наместо од својот нов дом лично да се упати во Лос Анџелес, каде живеела со својот сопруг, Меган својот веренички и свадбен прстен му го испратила – по пошта.
Енгелсон, кој својата тогашна сопруга ја запознал на сетот на ТВ серијата “Suits”, бил „скршен“ по ненадејното барање за развод на Маркле, две години откако се венчале.
Овие информации се појавиле во новата биографија на Меган и истите ја менуваат сликата за идната симпатична принцеза. Биографијата е напишана од страна на Енди Мортон во која ја опишува Меган Маркле како комплексна личност. Таа отсекогаш сонувала за тоа да стане принцеза, а желбата ’ била да стане како Дијана, изјавила нејзина блиска пријателка од училиште.
Мортон открил и дека Меган се ослободила од сите блиски луѓе во својот живот кои не одговараат со нејзиниот моментален социјален и професионален статус.
Енди Мортон се прославил со книгата за Дајана, во која изнел грст информации за пропаднатиот брак на принцезата, а во ист правец тргнал и сега. Кралското семејство не се огласило за сето ова.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …