(ВИДЕО) Ѓоко Ѓорчев и Кристина Палија:Уште еден бисер во нивниот опус – „Parla piu piano“

Изведба од која не би се посрамиле ниту најголемите светски пејачи.

Сакате добра музика?
Посакувате добра изведба?
Кога слушате музика да ги почувствувате емоциите?
Повторно да слушнете познат светски хит?
Особено некој кој сте го потпевнувале бидејќи ве потсетува на сцени од вашиот омилен култен филм, љубовната тема од „Кум“?
И, згора на се’ тоа да го слушнете од македонски изведувачи кои операта ја донесуваат на нов, ним својствен, начин?
Имаме предлог за Вас. Не само за денес туку секогаш кога ќе посакате да слушате добар музика.
„Parla piu piano“ во изведба на поп пејачот Ѓоко Ѓорчев, кој со оваа интерпретација покажува завидно ниво на оперски пејач, и оперската певица, Кристина Палија, донесуваат нешто ново, свежо, единствено на македонската музичка сцена, со енергија која понесува. Изведба од која не би се посрамиле ниту најголемите светски пејачи.
Толку свежо, моќно, оригинално, единствено, секако и благодарение на аранжманот на Иле Спасев, „Parla piu piano“ звучи светски – вистински бисер…
Љубовна тема од „Кум“ – „Parla piu piano“
Музика: Нино Рота
Аранжман: Иле Спасев.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …