(ФОТО) Денис Квејд не можел повеќе да чека: Се оженил со 39. години помлада жена!

Денис Квејд веќе зад себе има три неуспешни бракови, но сепак верува во брачна среќа. Холивудскиот актер се венчал со младата студентка Лора.
Холивудскиот актер Денис Квејд (66) во друштво на студентката Лаура Савои (27) прв пат беше виден минатата година, а парот се сврши кратко време подоцна. Се чини дека пандемијата на коронавирус не ја спречи нивната венчавка во 2020. година.


Според списанието „People“, актерот познат по своите улоги во филмовите „Стапица за родители“ и „Почетник“ се оженил со својата млада девојка на интимна церемонија на почетокот на јуни, без присуство на семејство и пријатели. Им бил доволен само свештеник.
Свадбата во Санта Барбара се случила спонтано, изјавил извор близок до парот за списанието. Планирана била голема свадба на Хаваите, но здравствената состојба во светот го принудила парот на поскромна варијанта.


Денис Квејд веќе зад себе има три неуспешни бракови. Тој беше оженет со актерката Памела Џејн Солес (69) од 1978. до 1983. година, со Мег Рајан (58) од 1991. до 2001. година, и на Кимберли Буфингтон (48) исто така рече судбоносно „да“. Двојката се венча во 2004. година. Заедно ги имаат близнаците Зое и Томас (12).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …