(ФОТО) ДЕНЕСКА НЕМА ПРАВИЛА – Се плашеше дека е предоцна и нема да успее: Камерон Дијаз (47) е прв пат бремена!?

Актерката и нејзиниот сопруг сè уште не сакаат јавно да коментираат…
Ако може да им се верува на странските медиуми, актерката Камерон Дијаз наскоро ќе стане мајка!
Според странските медиуми, Камерон (47) и нејзиниот седум години помлад сопруг, Бенџи Маден (40) неодамна дознале дека ќе станат родители.

Камерон и нејзиниот сопруг за прв пат ќе станат родители, а парот допрва ќе ја споделува добрата вест со јавноста.
„Камерон им кажала на пријателите за време на интимна вечера во нејзиниот дом дека сака да ги задржат деталите за себе, но дека таа и Бенџи наскоро ќе станат родители“, рекол извор близок на парот.

Актерката, која долги години тврдеше дека не размислува за потомство и дека нема да жали ако никогаш не стане мајка, се премислила пред неколку години. Уште откако се омажи за Бенџи во 2015. година, Камерон се премислила и изјавила дека сака да има бебе, но се плаши дека е премногу доцна.
Се чини дека сега не е доцна за оваа убава актерка, која, како што пренесуваат странските медиуми, ја очекува својата идна улога како мајка.


Актерката неодамна е видена во ресторан со сопругот, а според гостите во ресторанот, Камерон изгледала поголема, но  среќна и задоволна.
Камерон досега не се огласувала по тој повод, а пријателите на славната двојка велат дека двајцата започнале да ги опремуваат просториите на бебето, како и да размислуваат за име на бебето.

Секаско дека времето ќе покаже дали познатата глумица е бремена и дали носи едно дете или близначки како што тврдат странските медиуми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …