(ФОТО) Природен резерват среде океан:Вистински мал рај на земјата!

Уникатен по својата убавина, нереална природа, но и специфична карпа која привлекува многу љубители на скокање од карпи, островот Вила Франка до Кампо е еден од најубавите острови од овој тип.
Уште од првото светско првенство во скокање од карпи, многу туристи сакаат да пробаат да скокаат во водата од дваесет метри високите карпи.
Островот Вила Франка до Кампо е вистински мал рај на земјата за оние кои сакаат летни активности. Сместено е наспроти истоимениот град, или околу еден километар од брегот на најголемиот остров Азорес – Сао Мигел.


Овој вулкански остров е стар околу 4.000 години и е една од најголемите туристички атракции на Сао Мигел. Внатрешноста на островот крие речиси совршено кружно природно езеро (кратер на потопен вулкан) што е поврзано со Атлантскиот Океан со тесен премин.

Поради богатата флора и фауна што го опкружува, островот е класифициран како природен резерват. Тука можете да видите многу различни видови птици, а заради богатиот подводен свет, овој остров е привлечен за оние кои сакаат да нуркаат.
Од јуни до септември се организираат редовни тури со брод до островот од Вила Франко до Кампо, со билет кој чини помалку од десет евра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …