Популарниот македонски пејач Даниел Кајмаковски, пред осум месеци стана татко.
Иако ретко објавува фотографии од своето семејство, сепак овој пат тој одлучил да ги почести своите фанови и објави фотографија од неговата сопруга и нивното бебе, малиот Давид Кајмаковски на рутински преглед на доктор.
Во коментарите под фотографијата фановите пишуваа дека малиот Давид е вистинска копија на Даниел.