(ФОТО) Спотот на Еминем со дуксери на македонски јазик

Раперите од Бафало, Вестсајд Ган и неговиот брат Конвеј на спотот се појавуваат облечени во дуксери со натпис „семоќниот“ на македонски јазик.

Американскиот рапер Еминем сними политички мотивиран спот во кој се нафрла врз американскиот претседател Доналд Трамп. Но, тоа е веќе стара вест. А, нова е еден детал во спотот, во кој Еминем рапува опкружен со група рапери од Бафало и од Атланта, предизвика реакции на социјалните мрежи.
Раперите од Бафало, Вестсајд Ган и неговиот брат Конвеј на спотот се појавуваат облечени во дуксери со натпис „семоќниот“ на македонски јазик. Вестсајд Ган, преку неговата компанија „Гризелда рекордс“, продава маички и дуксери со натписот „семоќниот”.
Во дел на спотот на Еминем се гледа како раперите стојат со дуксери испишани на македонски јазик, а компанијата на Еминем, „Шејди рекордс“, објави и фотографија од снимањето на спотот, на која Еминем стои до раперите со натписот „семоќниот“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …