„Некст Тајм“ имаат нова песна.
Момците од „Некст Тајм“ по пауза од две години пред јавноста во Драмскиот театар во Скопје го претставија својот најнов музички проект на кој никој не остана рамнодушен.
Станува збор за преработка на старата револуционерна македонска песна, „Слушам кај шумат шумите“.
Една од нашите најубави актерки, Ана Стојановска – со одлична актерска игра – во видеото донесува вистинска емотивна приказна на која се дополнуваат и Мартин и Стефан.
По „Ја излези Ѓурѓо“, која стана голем хит, ова е втора преработка на дуото на традиционална песна. Новиот аранжман и на двете го направи Николче Мицевски, а Мартин и Стефан најавија цел албум со традиционални преработки. Во улога на мајката на војводата кој загинува во спотот е актерката Ана Стојановска, а игра и малиот актер Бранко Калеников.
Спотот е во режија на Огнен Шапковски, а и на гитаристот на „Некст тајм“ Мартин Филиповски. „Ова е песна што ќе остане за навек, во нашата музичка историја“, изјави Мартин.
Погледнете…