(ФОТО) БУРЈАТИЈА – Како изгледа животот на минус 50? Романец веќе 17 години живее во еден од најстудените делови на светот

Иако преселувањето од една во друга земја е доста вообичаено, пред 17 години Романецот Мариус Џура се одлучил на екстремен потег. Од округот Алба, кој се наоѓа на западот на Романија, Џура и неговото семејство решиле да се преселат во еден од најстудените делови на светот – Бурјатија.
Џура пред неколку дена на својот Фејсбук профил со јавноста сподели информација за тоа како е да се живее во овој дел на Русија.

„Поминаа 17 години откако живееме во Бурјатија. Никогаш во сите овие години официјално не било толку студено во Улан-Улде. Неофицијално, во различни предградија на градот беше минус 40 степени. На пример, во 2017 година, Надворешниот термометар на куќа на пријател со кој ја дочекав Новата година покажа минус 42 степени Целзиусови. Утрово истиот термометар покажа минус 50“, изјавил Џура.


This image has an empty alt attribute; its file name is romanec-2.jpg
Кога станува збор за одење во шопинг во вакви услови, Џура нагласува дека пазарувањето треба да се прави што е можно поблиску до домот бидејќи на вакви температури тешко се дише.
„Утрово отидов на шопинг. ќе ти се стегнат ноздрите, а на мустаќите ќе почнат да се формираат мразулци по неколку минути вдишување ладен воздух“, продолжува Романецот.
Тој објасни дека возењето во студениот Сибир е уште едно искуство што ги „лади коските“. Како што наведува на својот фејсбук профил, на минус 50 степени, за да може да се оди некаде со автомобил, треба да се подготви неколку часа однапред.

This image has an empty alt attribute; its file name is romanec-1.jpg
„На овие температури веќе воопшто не работат амортизерите. Вратите тешко се затвораат, само по трет или четврти обид. Низ градот, со застанувања, палење, паузи и загревање на моторот, нашиот автомобил троши повеќе од 20 литри на 100 километри. Ако е навистина ладно, во тие услови моторот мора да работи околу 30 минути на секој час. Во спротивно, ризикувате воопшто да не се запали“, рекол Џиура.


Поради екстремни временски услови и децата се дома, а училиштата се затворени.
„Време е да бараме добра книга во библиотеката или да гледаме филмови. Можеби ќе можеме да играме нешто дома. Имаме шах, Уно и многу прекрасни работи. Господ нека ни е на помош”, рекол Романецот.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …