Зошто мислиме дека јануари трае ПРЕДОЛГО: Научниците го објаснија овој феномен

Понекогаш се чини дека јануари трае вечно. Зошто е тоа така?
Веќе со години се прават шеги за тоа како всушност јануари трае шеесет дена, но тоа се уште никој не ни го кажал. Субјективно е чувството дека првиот месец од годината трае многу подолго од сите други. Комбинацијата на тмурно зимско време, фактот дека празниците се зад нас и вината за неуспешните новогодишни одлуки придонесуваат за чувството на бесконечност овој месец.

This image has an empty alt attribute; its file name is podarok-za-nova-godina.jpg


Она што скоро сите ги интересира е зошто на прво место имаме чувство дека јануари предолго трае. Излегува дека има објаснување за тоа. Според научниците, чувството е последица на внатрешниот допамински часовник. Допаминот е хормон кој мозокот го ослободува кога е поттикнат од уживање, задоволство, достигнувања.

The NewStates објави дел од студија во која се заклучило дека допамин често се ослободува во текот на ноември и декември поради сите настани околу празниците. Имено, за време на празничните месеци сите сме секогаш зафатени, па дури и премногу. Имаме многу обврски и малку време за одмор, што резултира со повисоки нивоа на допамин во споредба со остатокот од годината.


This image has an empty alt attribute; its file name is veruvanja-i-obicai-za-nova-godina.jpg

Јануари го спречува тоа затоа што се вративте на старо. Бидејќи во тој месец не се случува многу, освен враќањето на работа, на умот му се досадува, што го успорува внатрешниот часовник на телото. Ова е причината зошто нашиот ден изгледа како да трае една година.


This image has an empty alt attribute; its file name is paricnik.jpg

На сето тоа големо влијание имаат финансиите. Малкумина успеваат да го контролираат трошењето за време на празниците, па на крајот трошиме повеќе отколку што планиравме. Кога ќе помине еуфоријата и ќе погледнеме во паричникот, се соочуваме со фактот дека ни остануваат само неколку банкноти до платата која никако да дојде.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …