(ВИДЕО+ФОТО) СЕ ИЗВИНИЛ – На пејачот му пукнале панталоните меѓу нозе за време на концертот, Џенифер Анистон се’ гледала од првиот ред

Еден од најпопуларните пејачи и омилен на жените Хари Стајлс доживеал непријатна ситуација на својот последен концерт.
Имено, за време на концерт во Инглвуд, Калифорнија, енергичен како и секогаш, Хари ги изведувал своите хитови кога во еден момент му пукнале панталоните, меѓу нозете.

Кога сфатил што се случило, пејачот се насмеал и се завиткал во знамето на ЛГБТК заедницата што некој му го фрлил од публиката.
За време на паузата се пресоблекол во уште еден пар кожени панталони во кафена боја и им се обрати на присутните во првите редови.
„Моите панталони се скинати. Чувствувам дека треба да им се извинам на неколкумина што се напред”, се пошегувал Хари.


Тоа што во првиот ред седела холивудската актерка Џенифер Анистон особено им било интересен на твитерџиите, кои, судејќи по фотографиите, одлично се забавувале.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …