(ФОТО) Брус Вилис позирал со ќерката: Со хумор против болеста

Брус Вилис во март минатата година објави дека се повлекува од актерството откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување кое влијае на говорот.
После тоа, тој не се појави во јавноста, а членовите на семејството станаа единствениот сигурен извор на информации за неговата состојба.
За тоа најмногу е заслужна неговата сопруга Ема Хеминг Вилис, но овој пат добивме нова фотографија од Брус благодарение на неговата наследничка Талула.
Ќерката на Брус објавила неколку интересни фотографии на Инстаграм, а на две од нив ги гледаме неа и Вилис како прават смешни фаци и имитираат танчери.
Талула (28), исто така актерка, не ја криела радоста што го поминува времето со нејзиниот татко, а се чини дека нивниот рецепт за борба против болеста е хумор.

View this post on Instagram

A post shared by tallulah (@buuski)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …