Таинствен среќник освоил повеќе од милијарда долари на лотарија во петокот 13-ти


Добитната комбинација на бројки извлечена во петокот на 13 јануари ја погодило лице од американската североисточна сојузна држава Мејн, кое на тој начин освоило 1,35 милијарди долари, објави во саботата организаторот Mega Millions.
Идентитетот на добитникот не е познат, но само едно лице погодило шест добитни бројки, што е втор пат во историјата на Mega Millions да биде освоена толку голема сума, откако биле освоени 1,53 милијарди во 2018 година.


„Ова е четврта добивка од најмалку 1 милијарда долари во историјата на Mega Millions“, рекол директорот на компанијата Пет Мекдоналд.
За извлекувањето во петок 13-ти, кое е парадоксален суеверно несреќен датум, 14 луѓе во 10 различни американски држави погодиле пет добри бројки – 30, 43, 45, 46, 61.
Но, само еден играч, или играчка од државата Мејн, го погодил со тие пет и шестиот број, а тоа било 14.

Фото: Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЕДИНСТВЕН ЗБОР КОЈ ИМА ИСТО ЗНАЧЕЊЕ ВО СИТЕ ЈАЗИЦИ: Експертите го сметаат овој израз за „мост“ помеѓу различните култури

Комуникацијата во странска земја може да биде огромен предизвик, особено кога не го познавате локалниот …