Многумина од нас имаат одговорено на прашањето дали повеќе сакаме морски плажи или снег, а едно место во Јапонија е познато по тоа што ги нуди и двете.
Морето и звукот на брановите кои се „кршат“ на брегот делуваат смирувачки, како и погледот кон морето, плажата и небото. Но, што можеме да кажеме за сцената што ја претставува комбинацијата на море, песок и снег? Токму тоа го има плажата Хокаидо во Јапонија.
Фотографија е направена во Глобалниот геопарк на УНЕСКО, San’in Kaigan, локација што се протега од западниот брег на Хакуто Кајган во Тотори до источниот рт Кјогамисаки во Кјото.
Во овој геопарк има бројни геолошки локалитети поврзани со развојот на Јапонското Море, има геолошки карактеристики како што се долини, песочни дини, песочни шипки, вулкани и плажи кои наликуваат на реки.
Оваа чудесна комбинација од море, песок и снег стана вирална на интернет, а луѓето сè уште зборуваат за тоа. Многумина ја коментираа фотографијата и тврдеа дека таа ги инспирирала да патуваат и да го истражуваат светот.