(ВИДЕО) Откривањето на полот ја засенило песната: Натпреварувачот во „Ѕвездите на Гранд“ убавата вест ја дознал на сцената

Прекрасна и несекојдневна сцена е видена синоќа во новата емисија на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Пејачот Ненад Костов од Ниш се нашол во дуел со колешката Сара Миливојевиќ од Брчко, а иако по заедничка одлука на сите членови на жирито и двајцата отишле директно во следната фаза од натпреварувањето – песната и настапот останале во позадина.
Сопругата на Ненад дошла да го поддржи, а по успешно завршениот настап посакала да му се придружи на сцената за да го организираат откривањето на полот на приновата што ја очекуваат и тоа токму пред камери, бидејќи таа е во друга состојба.
Водителот им помогнал носејќи голем балон, а откако го дупнаа, излетаа многу сини меурчиња и конфети, што навестувало доаѓање на син, кој наскоро ќе им се придружи на братот и сестрата и на среќните родители.

Интересна сцена можете да погледнете во видеото под текстот (почетокот на споменатиот дел е во 14:00 часот).


Фото: Принтскрин/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …