(ВИДЕО) Жерар Пике уште еднаш ги исмеал Шакира и нејзината песна, на работа се довезол во Твинго

ЖЕРАР ПИКЕ уште еднаш ја исмејувал својата поранешна партнерка Шакира и нејзината нова песна која за само еден ден беше преслушана 63 милиони пати.
На социјалните мрежи се шири видео во кое фудбалерот доаѓа на работа во Твинго, автомобилот кој Шакира го користела во песната како метафора за новата девојка на Жерард. „The Sun“ пишува дека Пике за новото Твинго платил 8.000 фунти (околу 9.000 евра).

@cbssportsgolazo Elite levels of pettiness. 😅 (Via @Kings League) #pique #shakira #footballfunny ♬ Radio Rota Shot – Official Sound Studio


„Бејби, ти посакувам се најдобро со мојата замена, не знам што ти се случи, но си замени Ferrari за Twingo, замени Rolex за Casio…“, е текстот на нејзината песна. Претходно, Жерард низ смеа изјави дека тој и неговите пријатели добиле бесплатни часовници од Casio.


Потсетуваме, Пике и Шакира објавија дека се разделуваат во јуни минатата година. Набргу потоа, Пике беше забележан со Клара Чиа, неговата нова девојка, вработена во неговата продукциска куќа. Иако за врската не зборуваше за медиумите, двајцата неколку пати биле видени заедно неколку, а подоцна беше откриено дека нивната афера трае од 2021 година.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …