(ФОТО) Брус Вилис може да го уништи само таа.И’ го направила тоа!

Никој нема повеќе материјал од бившата. Така неодамна Деми Мур во говорот „го испрашила“ нејзиниот бивш сопруг Брус Вилис. Сепак, некогашните љубовници и брачни партнери покажале дека и’ после се се во добри
односи.

Потполно случајно и спонтано, или пак не, Деми Мур се појавила на претставувањето на комедијата која Брус Вилис ја снима.
Деми се појавила на подиумот, застанала зад говорницата и рекла:
„На нашиот брак гледам како на ’Шесто чуло’, ти си сето време мртов“.
Насмевките не исчезнале, па ниту прегратките, иако Брус бил доста изненаден со нејзините зборови, пренесуваат светските медиуми.


Деми и Брус биле во брак од 1987. до 2000. година и имаат три ќерки.
За неговите вештини дека се прави мртов во бракот Деми рекла:
„Кога се роди Румор имавме распоред за менување пелени. А, кога ќе дојдеше ред на него знаеше да каже дека ќе ми плати 1.000 долари само да го заменам“.
“People” пишува и дека глумицата имала уште рзлични шеги, помеѓу останатите и на сметка на Харви Вајнштајн.
„Брус имаше битен момент во кариерата кога се појави во ’Приказни за пет пари’. Мислам таков акционен јунк одеднаш осамна во мал филм. Но, потоа отиде во хотелот кај Вајнштајн. Не знам што се случувало таму, но ја доби следната голема улога“ рекла Деми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …