Англиската национална ТВ куќа на легендарниот пејач ќе му плати висока оштета поради директен пренос од полициска истрага на неговиот дом!

Имено, полицијата го истражувала пред четири години поради наводната сексуална злоупотреба на момчиња во средината на 1980.тите на минатиот век. Тие ја пребарале неговата куќа во Беркшир, на југоисток, Англија, а се’ било директно пренесувано на програмата на Би-Би-Си.


Легендарниот британски пејач, Клиф Ричард, вчера на судот во Лондон ја добил пресудата против БиБиСи што несомнено ќе влијае на идните медиумски следење на полициски истраги. Имено, полицијата пред четири години го истражувала за наводно сексуално злоупотребување на момчиња во средината осумдесеттите години од минатиот век. Тие ја пребараа неговата куќа во Беркшир во југоисточниот дел на Англија, а се било пренесувано директно на програмата на БиБиСи.


На крајот, обвинителството објавило дека„”нема доволно докази за кзнено прогонство”. Истрагата на полицијата и специјалниот договор со Би-Би-Си за директно емитувањето на пребарување во нечиј дом наишло на бројни критики и била во центарот на тужбата на музичарот. Јужно Јоркширската полиција „искрено се извинила“ поради медиумското следење на истрагата кое самата ја предизвика”.БиБиСи,исто така, се извинил. Но, Сер Ричард бараше отштета од милион фунти.
Прво добил 400 илјади фунти од полицијата, а БиБиСи со последната пресуда треба да плати 210 илјади фунти.


„Жал ми е, но немам коментари. Ми треба малку време за да емоционално се опоравам од сè“, изјавил Ричард по заминувањето од пред зградата на судот.
„Сега кога размислуваме за тоа, сигурно е дека некои работи би нпрвиле поинаку“, рекол Фран Ансворт, директорката на БиБиСи, која и објавила дека ќе поднесе жалба на пресудата.
Пред судницата Сер Клиф Ричард го пречекале голем број на фанови кои го отпеале неговиот голем хит од 1968. година, „Congratulations” (Честитки).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот кинематографер Ѓорѓи Клинчаров

Ѓорѓи Клинчаров е роден во Скопје на 12 октомври 1978 година. Тој е македонски оператор …