(ФОТО) Борат е главна ѕвезда на Твитер во 2020. година

Борат, измислен лик и неконвенционален истражувачки новинар од Казахстан, се приклучи на Твитер пред објавувањето на неговиот втор филм подоцна оваа година.
Продолжението на Борат, насловено како „Borat: Gift of Pornographic Monkey to Vice Premiere Mikhael Pence to Make Benefit Recently Diminished Nation of Kazakhstan” (Борат: Подарок од порнографски мајмун на вицепремиерот Мајкл Пенс за да има корист од неодамна ослабената нација на Казахстан), треба да биде достапно кон крајот на октомври, иако е најавено дека ќе биде прикажан на ден пред претседателските избори во САД.
Како дел од промоцијата на филмот, Саша Барон Коен направи профили за Борат на Твитер, но и на ТикТок, каде се пошегува дека е првиот Казахстанец на таа социјална мрежа. Во серијата твитови што започна да ги објавува во петокот, Борат на потсмев го пофали претседателот Доналд Трамп и, меѓу другото, напиша дека Трамп е посилен од 200.000 Американци кои веќе починале од коронавирус, но исто така шпекулираше што прави американскиот претседател со своите телесни секрети.


Борат е креација на британскиот комичар и актер Саша Барон Коен, кој е познат по своите критики кон Трамп, крајната десница, но и Марк Цукенберг.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …