Од вторник вистинска есен: Кон Македонија се приближува циклон кој носи пороен дожд, грмежи и силен ветер

На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, од 30. до 40. литри на метар квадратен за 24. часа, а локално и повеќе, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд.
Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја.


На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, од 30. до 40. литри на метар квадратен за 24. часа, а локално и повеќе, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во ноќните и раните утрински часови кон вторник, врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Ќе дува засилен ветер, утре од југоисточен, а во вторник од југозападен правец.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …