Војводата од Кембриџ, и покрај неговите должности како член на кралското семејство, е многу посветен татко. Принцот Вилијам е вклучен дури и во рутината на заспивање на неговите три деца – седумгодишниот Џорџ, петгодишната Шарлот, како и нивниот најмлад син Луис (2).
Уморен од долготрајно и исцрпувачко успивање, тој нашол трик што значително ја скратува оваа битна работа.
“Синоќа започнавме да гледаме еден од новите документарни филмови на Сер Дејвид Атенборо. Ги собрав децата и ги поканив да дојдат. Тоа е идеален начин да се смират и да се подготват за спиење”, изјавил принцот Вилијам за BBC Radio 4.
Покрај тоа што гледаат многу корисни работи гледајќи документарни филмови, децата можат да се смират и да заспијат со нив, што е идеално пред спиење.