(ФОТО) Чизмите и палтото на оваа глумица е се за што фантазираме оваа есен

Шарлот Мекини можеби сè уште не е толку позната, но можеби ќе ја запаметите заради нејзината идеална облека – нејзиниот избор на палто и чизми е едноставно совршен.

Познато е дека доброто палто и добрите чизми се важни инвестиции кои се клучни за нашата гардероба кога ќе стане студено. Ако сè уште барате модел што ќе ве натера да се чувствувате навистина добро кога ќе ја напуштите куќата, побарајте инспирација во Холивуд!
Атрактивната Мекини, која е sвезда во подем во индустријата за забава, беше фотографирана во прекрасно палто и секси чизми додека купувала. Таа се прослави во реклами, а нејзината најпозната улога е во римејкот на „Чувар на плажата“.
Актерката поради својата става била ангажирана и како модел, а папараците често ја следат. Нејзиниот моден вкус е доста добар – и оваа есенска комбинација е една од нејзините најдобри.
Со кратка ролка и асиметрично „здолниште“, актерката облекла капут во типична есенска окер боја, кој бил долг и изработен од четкана кожа. Тоа е модел на брендот Coach. Такво парче сигурно ќе ви трае многу години, бојата е секогаш шик, а материјалот е топол и совршен за тмурни денови.



Со него, актерката совршено споила чизми до колена – модел што веќе со сезони можете да го уловите на полиците, а што треба да го имате, бидејќи одлично оди со фустани и здолништа. Чизмите на Шарлот се изработени од крокодилска кожа во темна, топла кафеава боја, која и покрај старите модни правила, сепак може да се носи со црно, а тоа да изгледа многу добро. Секако, чизмите направени од други материјали кои го имитираат овој луксузен „дезен“ може да се најдат скоро насекаде оваа есен, бидејќи дизајнот „croc“ е еден од водечките трендови за додатоци оваа година.


Кога имате палто и чизми во кои се чувствувате многу моќно, доволно е да носите нешто сосема едноставно одоздола, а сепак ќе изгледате како милион долари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …