Манекенката Наоми Кембел на 18 мај стана мајка на 50-годишна возраст, а сега се огласи по прв пат на темата мајчинство.
Таа објави фотографија на Инстаграм на која позира во бел фустан покрај многу букети цвеќе, а напиша и емотивна порака.
– Никогаш не чувствував толку многу љубов, како во последните неколку недели. Јас сум многу благодарна за љубовта што ја пренесовте на мојата ќерка. Ви благодариме за топлите пораки за поддршка и роденденски желби. И’ покрај предизвикувачката година што сите ја имавме, имаше толку многу благослови за кои сум, пред сè, благодарна. Со благодат Божја, ја гледаме светлината на крајот од тунелот. Љубовта, упорноста и силата издржуваат сè – напишала Наоми.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Наоми на 18. мај ги „разниша“ светските медиуми објавувајќи дека станала мајка.
Потоа објави фотографија на која држи детски стапала во рацете, со порака:
– Убав мал благослов ме избра за нејзина мајка. Толку чест што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови да ја опишам животната врска што сега ја споделувам со вас, мојот ангел. Нема поголема љубов.
View this post on Instagram
Наоми најверојатно ја добила својата ќерка преку сурогат мајка, но тие информации не се потврдени.
Таа ја доби својата ќерка 4. години по изјавата дека „со помош на науката ќе стане мајка кога ќе посака“.
Фото: Принтскрин/Instagram