(ВИДЕО) „Пријатели“ за повратничката епизода заработиле милиони

Главните sвезди на култната серија „Пријатели“ наводно добиле помеѓу 2,4 и 3 милиони долари за повратничката епизода, пишува Hollywood Reporter.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by HBO Max (@hbomax)


Шесте актери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери, се вратија на малите екрани по завршувањето на снимањето на последната сезона од серијата во 2004. година, а нивните животи се повторно под лупа на милиони фанови ширум светот.
Британскиот „Daily Star“ пишувал за богатството на Метју Пери, односно Чендлер од серијата, и тие пишуваат дека тој е „тежок“ околу 120. милиони долари. Тој глумеше во сите 236. епизоди на „Пријатели“ помеѓу 1994. и 2004. година.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by HBO Max (@hbomax)

Како и останатите главни актери, на Пери му било платено нешто повеќе од 22. илјади долари по епизода за првата сезона. Таа сума се искачи на дури милион долари по епизода до последната сезона.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѕвезда од 90-тите – Американската актерка која се прослави во „Сурови страсти“ и „Злосторнички умови“ снимена додека оди, за многумина е непрепознатлива

Американската актерка Џин Триплхорн неодамна била фотографирана за време на едно излегување во Лос Анџелес, …