(ФОТО) Битолски занаетчија станал МЕГА МИЛИОНЕР – изгребал 10.000.000 денари

Добитник на 10.000.000 денари на инстант лозот МЕГА МИЛИОНЕР, изгребана, во „Димпо“, кај пазарот во Битола, е битолски занаетчија.
Инстант лозот МЕГА МИЛИОНЕР не израдува со првата добивка во вредност од 10.000.000 денари. Ова е најголемата парична добивка на инстант лоз од почеток на приредување на инстант лотарија на Државна лотарија, порачуваат од лотаријата.

Со добитникот се запознавме по просториите на Државна лотарија, бидејќи и покрај можноста за исплата на добивки од игрите на среќа на регионални благајни во Битола и во други градови, сепак големите премии се потврдуваат и исплаќаат на главната благајна, во дирекцијата на Државна лотарија. На таа куса средба во Скопје, добитникот со нас ја сподели приказната за својата ненаједна среќа – што го погодила „како гром од ведро небо“.


This image has an empty alt attribute; its file name is mega-milioner-1.png
Имено, 30 години редовно играл лото, а веќе осум години редовно уплаќал токму во „Димпо“, кај пазарот во Битола. Неговата основна игра е лото на која што и е верен со години. Но, при секоја лото уплата тој си ја искушувал среќата и со купување на по еден инстант лоз. Не повеќе, само по еден, а често избирал различен.
Како што се сеќава, пред 8 години, првиот инстант лоз што го купил, бил Златна рипка, што му донела 1000 денари и оттогаш редовно купувал, но никогаш не добил повеќе од 1000 денари. Иако редовно уплаќал лото, ни на лото не добил никогаш повеќе од 1000 денари. Сепак, не се откажувал, продолжувал да си уплаќа лото и да си купува по еден инстант лоз, секоја среда и сабота, секогаш од истото место. Тој самиот се пробивал низ животот, имал мали примања, но секогаш бил тука за блиските и пријателите ако им требала неговата помош од занаетчиски работи. Добитникот со трепет и посебна нежност соопштил дека откако ќерка му дознала за добивката му рекла „Тато, оваа среќа е награда за твојата добрина“.
„Секогаш си велев дека еден ден ќе падне“, рекол добитникот. „Јас си верував во среќата. Треба да се верува и да не се откажуваш“, додава добитникот. „Јас толку време играв и не се откажував. Може и до ѕвездата е, ама ништо без верба“.
Добитникот засега сака да остане анонимен што е негово право.

Продажното место „Димпо“ во Битола, и досега било среќно место на голем број добитници на помали и поголеми добивки од лото и џокер, но најголеми од инстант лотаријата, меѓу коишто и возила. Очигледно, ова е среќно место на битолчани. Сепак, досега ова е навистина најголемата причина за славење.


Извор: Државна лотарија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1 во Културно Информативниот Центар во …