(ФОТО) Билка која донесува мир, среќа и успех: Еве колку стебленца треба да внесете во домот!

Во Азија се внесува во нов станбен простор бидејќи позитивно влијае на емоциите на домашните и на атмосферата во домот, како и деловниот простор бидејќи се верува дека донесува успех и напредок во кариерата…
Среќниот бамбус е еден од најпопуларните „лекови“ против негативната енергија во домот. Донесува мир, добра енергија и смиреност и се смета за одличен подарок за некого кого го сакате.
За оваа билка се поврзува и старо кинеско верување, дека донесува среќа на различни полиња во животот. Ќе го пронајдете во секоја цвеќарница, но тоа всушност и не е бамбус туку „драгоцена сандериана“, но со својот изглед и издржливост потсетува на него.
Во Азија се внесува во нов станбен простор бидејќи позитивно влијае на емоциите на домашните и на атмосферата во домот, како и деловниот простор бидејќи се верува дека донесува успех и напредок во кариерата.
Колку стебленца од среќниот бамбус ви се потребни?
Се верува дека две стебленца од среќниот бамбус донесуваат љубов, три стебленца обезбедуваат среќа, пет стебленца ќе ви донесат здравје, осум стебленца се за оние кои сакаат богатство и девет стебленца ќе донесат среќа на сите полиња.


Среќниот бамбус има минимални потреби, кога станува збор за одржувањето. Се држи во вода (во прозирна или непрозирна саксија), но за разлика од останатото сечено цвеќе на тој начин може да се долива на секои 10. дена до две недели бидејќи оваа билка бргу ги црпи хранливите материи и најдобро е да користите отстоена вода, така да околу 10. сантиметри од стебленцето бидат во вода.
Успева и на осветлено и на темно место. Водата во која се држи бамбусот може да се декорира со камчиња. Среќниот бамбус се смета за најдобра фенг шуи билка кој во својата околина ги доведува во рамнотежа природните елементи – вода, земја, огин, дрво и метал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …