(ФОТО) Бил здрав, животот бил пред него – а умрел од ковид!

Случајот со младиот спортист Чад Дорил најдобро зборува за тоа колку е подмолен Ковид 19. Тој бил совршено здрав, но ја загубил битката со вирусот.
Чад Дорил, студент на Државниот универзитет „Алапачијан“ во Бун, Северна Каролина, бил во совршена форма. Имал само 19. години. Тој бил висок и слаб. Играл кошарка и трчал на долги рпатеки. Но, Чад за жал починал во понеделникот, откако се појавиле ретки невролошки компликации среде инфекција со коронавирус.
Чад се иселил од студентскиот дом и присуствувал на часови преку Интернет откако му се појавиле симптоми слични на грип, се вели во изјавата на училишниот психолог Шери Евертс.
„Неговата мајка го охрабри да се врати дома и да се тестира“, рекла таа.


Тој добил позитивен тест за коронавирус на 7. септември и бил ставен во карантин, 10 дена, пред да се врати во Бун, според неговиот чичко Дејвид Дорил, кој рекол дека живее седум куќи далеку од неговото семејство во Северна Каролина. Тој изјавил дека откако неговиот внук се вратил на колеџ, скоро веднаш започнал да има сериозни невролошки проблеми.
„Кога се обидуваше да стане од креветот, неговите нозе не му функционираа, а мојот брат мораше да го однесе до автомобилот и во брза помош. Лекарот рече дека неговиот случај е еден во милион – дека тие никогаш не виделе дека болеста се развива на тој начин. Тоа беше компликација на ковид што наместо да го нападне неговиот респираторен систем, го нападна неговиот мозок“, рекол неговиот чичко.
Коронавирусот најмногу ги напаѓа белите дробови, но влијае и на бубрезите, црниот дроб и крвните садови, а значителен број на пациенти пријавуваат невролошки симптоми, вклучувајќи главоболка, конфузија и делириум.

Факултетите и универзитетите ширум светот станаа жаришта на пандемијата, но младите, здрави луѓе генерално се изложени на помал ризик од развој на тешки форми на ковид 19. Само неколку смртни случаи меѓу американски студенти се поврзани со вирусот.
Базата на податоци „Њујорк Тајмс“, која го следи вирусот во студентските домови, регистрирала најмалку 130.000 потврдени случаи од почетокот на пандемијата, главно оваа есен, и околу 70. смртни случаи, претежно пролетта,и тоа меѓу вработените во колеџот.
Тонија Маски, семејна пријателка која го подучувала Чад Дорил во средно училиште, рекла дека лекарите му кажале на семејството дека се сомневаат дека тој има претходно неоткриен случај на синдромот „Гилјан-Баре“, ретко невролошко нарушување во кое имунитетниот систем на организмот ги напаѓа нервите. Многу вируси можат да го „активираат“ овој синдром, вклучувајќи го и SARS-CoV-2.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …