(ФОТО) БИЛ ГЕЈТС ИЗНЕЛ НОВА ПРОГНОЗА: Запад на есен ќе се врати во нормала – еве што ќе биде со остатокот на светот!

Во последните неколку месеци, американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, честопати коментираше за пандемијата на корона вирусот, повикуваше на вакцинација и почитување на мерките, а неодамна повторно ја коментираше оваа ситуација, нагласувајќи дека очекува светот полека во нормала да се врати наесен.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates)


„Очекувам работите да бидат далеку понормални наесен. Ќе бев шокиран ако во тоа време сè уште има голем број училишта што наставата ќе ја одржуваат од далечина. Сè уште треба да работиме на зголемување на стапката на прифаќање на вакцините во заедниците со ниски примања. Вакцинацијата е сè уште под стандардот. Затоа мораме како пример да покажеме на најпаметните луѓе како ја примаат вакцината и да потврдиме дека функционира“, посочува Гејтс во интервју за „Wired“.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates)

Овој бизнисмен првенствено ја коментираше ситуацијата во Америка, и посочи дека дури и да има пораст на бројот на вакцинирани, не може да се очекува итно враќање на „стариот пат“ поради ситуацијата во остатокот од светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates)

„Остатокот од светот можеби ќе треба да почека до крајот на 2022 година пред да го достигне тоа ниво на вакцинација. Порано беа потребни 20. години за да пристигнат вакцините од богатите земји во земјите во развој. Значи, ситуацијата е подобра во моментот, но не е доволно добра“, заклучил Гејтс.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …