ВО ФРАНЦИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ГИГАНТСКИ ПУНКТ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ: Стадионот во Сен Дени од почетокот на април ќе се користи како пункт за имунизација на населението

Стадионот на Франција во Сен Дени во близина на Париз, од почетокот на април ќе стане огромен пункт за вакцинирање. Целта е, на овој начин, да се забрза вакцинацијата против коронавирус.
Во Франција, земја со околу 67 милиони жители, околу 5 и пол милиони луѓе моментално се вакцинирани со првата вакцина, додека 2,5 милиони ја примија втората доза.

„Астразенека“ доцни со испораката, но другите добавувачи засега ги исполнуваат своите обврски. ‘Фајзер-Бајонтек’ испорачува и повеќе, па француските власти се надеваат дека ќе го исполнат ветувањето за вакцинирање на 10. милиони луѓе до 15. април, 20. милиони до 15. мај, 30. милиони до 15. јуни и сите возрасни до крајот на летото кои го сакаат тоа доброволно. За тоа им требаат нови капацитети, па се селат на стадионите. Инаку, ниту еден клуб не игра на Стадионот на Франција.


Французите прво беа вакцинирани во болниците, потоа тоа им беше овозможено на лекарите и фармацевтите кога станува збор за „астразенека“, а во меѓувреме почнаа да се отвораат привремени центри за вакцинација.
Пресметано е дека многумина ќе сакаат да дојдат и симболично да се вакцинираат таму каде што Франција стана светски шампион во фудбалот во 1998. година. Патем, Сен Дени е меѓу оние делови на земјата со најголема циркулација на вирусот. Во моментов има 546. заразени на 100.000 жители.


Во Марсеј веќе вакцинираат на стадионот „Велордом“. Вакцините се даваат во просториите под трибините, а не на тревникот, па се очекува и стадионот на Франција да го следи истиот пример.

Фото: Принтскрин/wikipedia.org


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во месецот посветен на јубилејни проекции на македонски филмови, вечерва во Кинотека ќе биде прикажан играниот филм „Големата Вода“

Вечерва, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во месецот на јубилејни проекции, …