(ФОТО) Бен Афлек и Џенифер Лопез се венчале – објавени се првите фотографии од раскошната церемонија

ОТКАКО го кажаа судбоносното „да“ еден на друг во Лас Вегас минатиот месец, Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно се венчаа оваа сабота на раскошна церемонија во имотот на Афлек, Рајсборо во Џорџија, САД, на која присуствуваа нивните најблиски пријатели и семејството.

This image has an empty alt attribute; its file name is ben-i-jenifer-svadba.jpg
Како што пишува Daily Mail,, на сите гости им било наложено да носат бело, а Лопез носела венчаница на Ралф Лорен.



Иако поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер ја одбила поканата за венчавката, церемонијата не ја пропуштиле ниту децата на актерот со неа, а меѓу гостите биле и близнаците Ема и Макс, кои Џенифер ги доби во бракот со Марк Ентони.
Мет Дејмон на венчавката пристигнал со сопругата Лусијана Баросо, а на венчавката присуствуваа и некои други големи холивудски имиња како Џорџ Клуни, Џејн Фонда, Рене Зелвегер и Џими Кимел.


Минатата година ја обновија својата романса
Да потсетиме, Џенифер објави дека се омажила за Афлек, нејзината долгогодишна љубов, еден ден по венчавката во Вегас, која се одржа на 16. јули.
„Го направивме тоа. Љубовта е убава. Љубовта е љубезна. И излегува дека љубовта е трпелива. Дваесет години трпение“, напишала Лопез.
Бен и Џенифер се запознале во 2001. година на снимањето на филмот Gigli. Следната година се верија, а по извесно време одложување на венчавката, се разделија во 2004. година. Афлек тогаш потоа во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца, а Џенифер беше во брак со Марк Ентони, со кој има близнаци. Џенифер и Афлек ја обновија својата романса минатата година, а се венчаа пред еден месец.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …