(ФОТО) Барак Обама преговара да сними серија за Нетфликс

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, преговара со Нетфликс да продуцира високо-буџетна серија, објави „Њујорк тајмс“.
Изданието, цитирајќи луѓе запознаени со „разговорите во напредната фаза“, пишува дека „според услови на предложен договор, кој се уште не е финален, Нетфликс ќе им плати на Обама и неговата сопруга Мишел за екслузивна содржина што ќе биде достапна само на стриминг сервисот, кој што има околу 118. милиони претплатници низ светот“.
Бројот на епизоди и форматот на серијата не се дефинирани. Не се соопштува ниту колку хонорар би зеле Барак и Мишел Обама како продуценти, а наводно, се разговарало за работа на инспиративни теми.
Се шпекулира дека Обама би можел да продуцира серија на теми што доминираа во текот на неговиот мандат, како здравствена грижа, правото на глас, имиграцијата, надворешната политика и климатските промени или теми за кои е заинтересирана Мишел, како нутриционизмот.
И, секако на Твитер веќе се појавија коментари околу можните теми на серијата, погледнете:


Инаку поранешната претседателска двојка на САД работи и на своите мемоари, за кои, според некои извештаи, добиле 60 милиони долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …