Девојче од Индијана, која исчезнала во април, беше пронајдена жива по речиси четири месеци поминати на Флорида.
Полицијата ги уапсила нејзината баба и тетка, кои се осомничени за киднапирање и чување во хотелска соба.
Алија Рамирез (14) последен пат била видена на 27. април, кога се упатила кон автобуската станица на пат кон училиште. Сепак, таа одеднаш исчезнала, што довело до голема полициска потрага во Индијана.
Истрагата ги одвела во округот Палм Бич, Флорида, каде што полицијата ги уапсила нејзината баба Елизабет Сендс (47) и тетка Алис Сендс (25).
Мајката на Алија ги обвинила нејзината мајка и сестра дека со месеци го чуваат девојчето во хотел, пренесува Дејли Меил.
Полицијата потврдила дека Алија е пронајден жива и здрава, но не соопштила дополнителни детали за истрагата.
Случајот со исчезнувањето на девојчето привлекло внимание кога нејзиното последно видео било емитувано на популарна ТВ-емисија.
Снимката од надзорната камера на која се гледа како Алија ја напушта куќата и оди на училиште почнала да се шири на социјалните мрежи со хаштаг.
Нејзиниот татко, Ентони, во мај изјавил дека верува дека некој ја киднапирал неговата ќерка, додавајќи дека таа не е личност која ќе избега од дома.
– Само сакам ќерка ми да се врати дома. Сакам да биде безбедна – рекол татко и.
Полицијата се посомневала дека Алија била на Палм Бич со роднини, верувајќи дека девојчето е во животна опасност.
Бабата и тетката се во притвор, но против нив се уште не е поднесено обвинение, соопштила полицијата.
Фото: Принтскрин/Syracuse police