Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” во 2021 година

Ве известуваме дека Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” во 2021 година.

Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Конкурсот трае од 1 до 30 септември 2021 година.


Конкурсот е достапен и на веб-страницата на Министерството за култура:

 http://kultura.gov.mk/konkurs-za-dodeluvanje-na-drzavnata-nagrada-sv-kliment-ohridski-za-2021-godina/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …