КОРОНА ВО ГРЦИЈА: Повеќе од 90% од лицата на респиратор не ја примиле втората доза вакцина

Повеќе од 90 проценти од пациентите кои денеска беа на апарати за дишење во болниците во Грција, беа или невакцинирани или примиле една доза од вакцината против вакцина, објави Јавната здравствена организација (ЕОДИ).
Според новите податоци, ЕОДИ навела дека од 338. пациенти на интензивна нега, 309 (91,42 проценти) биле невакцинирани или делумно вакцинирани, додека 29. пациенти (8,58 проценти) биле ревакцинирани, објавил „Катимерини“.
И претседателката на Националниот комитет за вакцинација, Марија Теодориду, денеска нагласи дека има забележително зголемување на бројот на болните деца и адолесценти.
– Развојот е лош, бидејќи едно лице од пет заразени е дете – изјавила таа.
Таа повторила дека се препорачува вакцинација на деца на возраст од 12. до 17. години, со цел да се заштити и спречи понатамошно ширење на вирусот корона.
„Вакцинацијата ја намалува шансата за мутации“, додала таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …