(ФОТО) Ангелина Џоли продава подарок од Бред Пит: Може да заработи помеѓу 3. и 5. милиони долари

АНГЕЛИНА Џоли ја продава единствената слика насликана од британскиот воен премиер Винстон Черчил за време на Втората светска војна и делото на аукција се очекува да достигне цена од 3,4 милиони долари, објави Си-Ен-Ен.
Черчил ја наслика „Кулата на џамијата Кутубија“ во Маракеш, Мароко откако присуствувал на конференција во Казабланка во јануари 1943. година и му ја подарил на американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт.
Актерот Бред Пит ја купил во 2011. година од трговец со уметнички дела за Џоли. Двојката се раздели во 2016. година по две години брак но нивниот развод сè уште не е завршен.
Черчил го насликал делото веднаш по воениот самит на кој се договорил со Рузвелт за следните фази на заедничката стратегија против нацистичка Германија.


Проценетата вредност на сликата се движи од два до 3,4 милиони американски долари.
„Тоа е единственото дело што го насликал Черчил за време на војната, можеби охрабрен од напредокот на сојузниците, во земја што ја сметаше за една од најубавите што ја видел“, рекол Ник Орчард, шеф на модерната британска уметност во аукциската куќа „Кристи“
Сликата настаналаоткако двајцата лидери се согласиле дека ќе прифатат само безусловна капитулација на силите на Оската, што беше стратешки значајна порака за намерите од двете водечки воени фигури.
„Кристи“ објави дека платното е ставено на продажба од Jolie Family Collection.
Дилерот на уметнини Бил Рау, од кого Пит ја купил сликата, изјавил дека таа е донирана на синот на претседателот Рузвелт, кој ја продал во 1960. година.
Сликата завршила во Њу Орлеанс, каде што таа беше во семејна куќа повеќе од 50. години, а кога ќерката на нејзиното семејство ја наследила, ја продала.
Черчил насликал неколку марокански мотиви пред војната.


Фото: Архива/moroccoworldnews

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …