(ФОТО) Актерката која беше секс симбол во осумдесетите луѓето денес не ја препознаваат на улица

Американската актерка Мелани Ричардс Грифит за неколку дена полни 65. години. Секс симболот од осумдесетите денес изгледа непрепознатливо. Причината за тоа е одлуката да се подложи на низа пластични операции поради кои таа не личи на себе. Некогаш нејзината широка насмевка беше нејзин заштитен знак, а денес речиси и да не мрда со устата и образите, бидејќи бројните операции го направија своето.
Со нешто помалку од 65. години таа сè уште зрачи со убава енергија, а на социјалните мрежи често испраќа позитивни пораки до своите фанови.
Мелани Грифит веќе двапати се бореше со опасниот рак на кожата. По прв пат се разболела во 2009. година кога и се појавил рак под окото, а во 2017. година и се појавил на носот, а во тој период голем поддржувач и бил нејзиниот поранешен сопруг Антонио Бандерас.
Стела, ќерката која ја доби со Бандерас, моментално избегнува да глуми. И покрај тоа што нејзината мајка и татко се занимаваат со тие професии, а нејзината баба Типи Хедрен била холивудска легенда и муза на Алфред Хичкок, таа решила да стане модел и заедно со мајка си ја краси насловната страница на Вог.

View this post on Instagram

A post shared by MELANIE (@melaniegriffith)


Ќерката на Мелани Грифит, Дакота Џонсон, имавме можност да ја видиме во филмот „Педесет нијанси сиво“, а освен среќните семејни моменти, јавноста се сеќава и на нивните јавни тепачки. Нивната најнезаборавна борба пред камерата на Оскарите беше кога Мелани рече дека нема да го гледа филмот поради жешките сцени во него.


View this post on Instagram

A post shared by MELANIE (@melaniegriffith)


Мелани и Антонио заедно ја имаат ќерката Стела, а Мелани од првиот брак ги има Дакота и синот Александар. Нејзината актерска кариера остана во сенка на бракот со латино заводникот Антонио Бандерас, кој траеше од 1996. до 2015. година. Парот беше многу интересен за јавноста и поради честите изјави за тоа дека имаат добар сексуален живот.
Мелани е најпозната по улогата во романтичната комедија The Busy Girl, во која глумеше заедно со Харисон Форд. Таа беше наградена со Златен глобус за таа улога во 1989. година.
Мелани Грифит е ќерка на познатата Хичкок актерка Типи Хедрен. Таа на само 18. години смело застанала пред камерите и позирала целосно гола за Плејбој.


View this post on Instagram

A post shared by MELANIE (@melaniegriffith)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …