ШАКИРА ГРАДИ ЅИД ОКОЛУ КУЌАТА ДА НЕ ГИ ГЛЕДА ПОРАНЕШНИОТ СВЕКОР И СВЕКРВА: Не сака да има контакт со нив, а еве што испланирала!

Раскинувањето на пејачката Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике ги откри грдите детали од нивната нарушена врска, а според шпанска Marca, пејачката сака одвоен простор од родителите на бившиот партнер.
Имено, куќата во која живеел парот е поврзана со соседните куќи наменети за родителите на Шакира и Пике, со кои делат заедничка патека. Пејачката, наводно, сака да ја отстрани патеката бидејќи смета дека не треба да споделува ништо со неговите родители бидејќи тие повеќе не се семејство.

This image has an empty alt attribute; its file name is sakira-so-decata-2-jpg.jpg
Куќите се наоѓаат во Барселона, а според новинарката Лаура Фе, Шакира сериозно размислува да го дели заедничкиот простор, а врската меѓу Шакира и родителите на Пике наводно е толку нарушена што таа размислува да подигне ѕидови меѓу куќите, но не било јасно што намера има да прави со заедничкиот базен.
Да потсетиме, откако колумбиската пејачка наводно сакала да ја напушти Шпанија со децата, што Пике не го дозволил, поранешната двојка ги договорила деталите за привременото старателство на синовите Саша (7) и Милан (9), а Пике наводно веќе има нова девојка.




 

 

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …