Филипче: „На интерните клиники има слободни кревети, пристап до кислород и сé што е потребно за лекување на пациентите со ковид!“

Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче денеска во изјава за медиуми се осврна на состојбата со болничките капацитети, особено на интерните клиники кои од неодамна хоспитализираат пациенти со ковид-19.
Согласно утринскиот извештај на установите кои згрижуваат ковид пациенти, на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 20, а на Институтот за ТБЦ 54 пациенти.
Во моментов слободни места има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември, каде во моментов се сместени 161 односно 79 пациенти соодветно.

„На Интерните клиники има слободни кревети, пристап до кислород и сé што е потребно за лекување на пациентите. Огромен е притисокот во изминатите денови меѓутоа со ова дополнително обезбедување на болнички капацитети, оспособување на интерните одделенија, подготовката на кадарот, системот на ротација, обезбедени се слободни капацитети. И за периодот којшто доаѓа имаме план за сместување на пациенти и на други интерни клиники и секако план за распоред на стручниот кадар, лекари интернисти и медицински сестри коишто ќе работат со ковид пациенти. Во овој момент сé уште нема потреба да се менува системот за закажување МојТермин меѓутоа, спремни сме да ако дојде до тоа, практично, се намали редовниот програм во повеќе болнички установи, не само со цел да се обезбеди доволно сместувачки капацитети туку и кадарот да биде на располагање. “- изјави министерот Филипче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …